Бидејќи екстровертноста и генералниот поглед на претприемништвото имаат многу заеднички карактеристики, природно е да се мисли дека едното е еднакво на другото.

Интровертите долго време се сметаа за добри, вредни извршители, но за просечни лидери. Сепак, имаме вести за вас… тоа не мора да е така. Овој поглед на работите е одамна застарен.

Да се биде интроверт не значи дека сте срамежливи; тоа исто така не е пречка на патот да станете успешен претприемач. Интровертноста не го попречува успехот.

Всушност, тоа може да ја подобри вашата кариера (ако знаете како да ги искористите карактеристиките на вашиот карактер).

1. Подгответе се

На интровертите не им е тешко да одржуваат состаноци затоа што се воздржани. Тешко им е затоа што тие честопати се поинтроспективни од екстровертите и одвојуваат време да размислат пред да зборуваат.

На состанок, интровертите се чуствуваат како да имаат помалку контрола кога ќе им се појаваат изненадувања. Меѓутоа, споредено со екстровертите кои добро се снаоѓаат во моментот, интровертите имаат многу подобри резултати кога имаат повеќе време да се подготват.

2. Бидете горди

Нема ништо лошо во тоа да бидете интроверт. Самото давање до знаење на колегите дека сте интроверт може да се создаде чувство на доверба. На почетокот има шанса да се чувствувате непријатно, но понатаму може да биде од голема полза, особено ако планирате долгорочна соработка.

Кога комуникацијата е отворена, сите ќе научат да ги почитуваат вашите потреби и можете да ја насочите својата енергија на она што ви помага да работите на оптимално ниво.

3. Поставете Систем

Управувањето со група луѓе може да биде исцрпувачка работа за интроверт. Сепак интровертите можат да бидат добри со посредување во групи. Тие ќе се покажат многу подобро кога тимовите се мали и кога кружните дискусиите се сведени на минимум.

Начинот да се реши ова е да се воспостават системи што ќе стават крај на неструктурираните дискусии и ќе им се овозможуваат на сите да дадат предлог решение и да искажат мислење.

Како да го направите ова?

Една од нашите омилени техники е Lightning Decision Jam (LDJ).

Прочитај: “Прилагоди го бизнисот во криза со LDJ метод”

Оваа кратка, но моќна алатка ни овозможува да го достигнеме дното на темите што се предмет на дискусија и потоа да излеземе со врвно решение – сето тоа без гласна дискусија.

Како? Обезбедувајќи чекор по чекор метод каде што секој ќе размисли за проблеми, предизвици и решенија. Наместо јавно искажување на ставови и презентирање на идеи, секој член од тимот може да каже сè што треба да каже со минимално јавно обраќање.

LDJ е одлична почетна точка за зближување на интроверти и екстраверти на еднакво поле за игра. Со оваа алатка секој е слушнат и неретко најдобрите идеи доааѓаат од најтивките луѓе во групата.

Пишете ни на info@networker.mk за повеќе информации и know-how за LDJ методот.