Никој не е совршен

Иновативностa на производот е предност поради која големите корпорации остануваат конкурентни на пазар кој брзо се менува. Се чини дека големите брендови ги знааат сите правилни чекори и акции. Вистината е дека не секогаш се успешни кога се обидуваат да воведат иновација.

Разбирањето на неуспехот е клучно бидејќи постојат мал милион статии за иновации кои се фокусираат токму на успесите, но никој не зборува за неуспесите и справувањето со нив!

Наместо да се плашите да не направите погрешен чекор во својот сегашен или иден бизнис, охрабрете се со помислата дека не е важно дали ќе згрешите. Она што е важно во бизнисот е да имате супермоќ за брзо носење одлуки како најсилна алатка за успех дури и после одреден неуспешен чекор. Токму за неуспесите и успешното справување со нив има доста примери кои сакаме да ги посочиме.

И големите прават грешки

Дали сe сеќавате на Google Glass, Amazon Fire или Microsoft Zune?

Можеби и не сте ни слушнале, токму затоа што тие идеи пропаднале уште на самиот почеток. Дури и во најголемиот технолошки кластер (Силиконската долина) идеите пропаѓаат. Понекогаш тоа се случува поради неприфаќањето на пазарот или едноставно идеите биле пред своето време. Најважната порака при правењето на бизнис грешка, не е нејзиното избегнување, туку брзото соочување и учење од истата.

Google е компанија која континуирано учи од своите грешки. Токму поради таа причина ја креираа методологијата Design Sprint со која брзо учат за недостатоците на своите идеи. Ова им дава на Google (Google Ventures) уште на самиот почеток одговор на многу прашања за продуктот и пазарот, кои доколку би биле неодговорени би чинеле илјадници долари.

Токму затоа го избираме Design Sprint одново и одново како одговор за справување со неуспеси, намалување на можните ризици и впуштање во следната бизнис идеја со голема самодоверба!

Пиши ни на info@networker.mk и направи чекор кон твојата успешна бизнис приказна.