Зошто сега е вистинскиот момент за започнување на бизнис како и вообичаено?

Не е тајна дека започнувањето бизнис е тешко. Правејќи го тоа за време на рецесија има дополнителни пречки помеѓу вас и успехот. За многу претприемачи оваа нестабилност на пазарот била совршен изговор за да замижат пред своите соништа додека чекаат да дојде “поубав ден”. Но, не и за овие добро познати компании за кои има слушнато цел свет.

1. Uber

Концептот на Uber е роден една зимска вечер за време на конференција, кога пар не можел да најде превоз. Првично, нивната идеја била за услуга со лимузина за определено време, која можела да се нарача преку апликација. Денес Убер е брзорастечки американски старт-ап  кој успешно ги интегрира такси-услугите со user friendly мобилна апликација во над 60 земји и 400 градови во светот растеќи од месец во месец.

2. Airbnb

Приказната со Airbnb започна кога двајца дизајнери кои имаа простор да споделат, беа домаќини на тројца патници кои бараат место за престој. Сега, милиони домаќини и патници избираат да создадат бесплатна сметка на Airbnb за да можат да го понудат својот простор и да резервираат уникатни сместувачки места насекаде низ светот. Airbnb денес е компанија од 31 билиони долари.

3. Pinterest

Една недела откако основачот на Pinterest даде отказ од работа, целата економија пропадна. По вложен голем труд кога конечно добива чек од инвеститор, ги повикал сите инвеститори кои претходно го одбиле и им рекол: “ќе пропуштите многу, ова е жешката зделка”. И тој успеал.

Денес Pinterest е место каде што има милион идеи како рецепти, домашни инспирации, уредување, стил и многу повеќе.

4. Slack

Slack е сон за секој основач, почетник, инвеститор. Тоа е најбрзо растечкиот стартап досега. Slack е познат по тоа што достигна проценка од 1 билион долари по само осум месеци без да потроши денар на традиционално рекламирање и маркетинг.

5. WhatsApp

Историјата на Whatsapp не е како вообичаена почетна приказна, каде основачите имаа идеја што ги натера да се повлечат од колеџ, да изградат тим и да добијат средства од гигант како „Фејсбук“ или „Гугл“. WhatsApp беше концептуализиран не од студентите на колеџ, туку од луѓе кои беа во триесеттите години и имаа стабилна работа со реномирана компанија. Почетокот на патувањето не беше мазен, но како и многу други успешни претприемачи, тие го трасираа патот.

“Не се обидувавме да изградиме компанија. Само сакавме да изградиме производ што луѓето ќе го користат” – Jan Koum.