
Се чувствуваш преоптоварено?
Претприемништво
Кога се чувствуваш преоптоварено, начинот на кој реагираш всушност може да ги влоши работите. Еве пет вообичаени, самосаботирачки грешки на кои треба да внимаваш – и како да ги избегнеш:
- Сметаш дека немаш доволно време токму за активности кои може да ти помогнат. Престани да го чекаш идеалниот момент и направи нешто за да си помогнеш веднаш, како на пример земање на слободен ден, посета на психотерапевт или договарање на средба со пријател.
- Не ја користиш доволно твојата потсвест. Неразумно е да се очекува постојано да бидеш 100% фокусиран. Обиди се да се прошеташ, дозволувајќи му на твојот ум да ги погледне нештата од повисока перспектива и обезбеди креативни решенија.
- Чувството на преоптовареност го сфаќаш како слабост. Доколку си строг кон себеси, само ќе прокастинираш повеќе и ќе остнаше во матрицата на перфекционизмот која не дозволува решенија „надвор од кутијата“.
- Цврсто стоиш до своите традиционални пристапи и одбрамбени техники. Твоите јаки страни не секогаш се и твоја предност во решавањето на проблеми. На пример, промисленоста може лесно да донесе сомнеж во своите одлуки, а високите стандарди водат до перфекционизам. Внимавај на твоите инстинктивни реакции за да останеш флексибилен во решавањето на овој предизвик.
- Се самоизлолираш. Најди начин да се поврзеш со луѓето дури и кога имаш ограничена емоционална енергија.
Овој совет е адаптиран од „5 Mistakes We Make When We’re Overwhelmed“ од Alice Boyes
За повеќе совети заследи го нашиот инстаграм профил networkermk или пиши ни на info@networker.mk.