
Дали Спринт е најдобар метод за тестирање на твојата идеја?
Често пати имаме мал милион идеи кои не сме сигурни дали одговараат на потребите на пазарот. Сите би обожавале доколку барем за една од тие идеи имаме добра гаранција дека ќе има големи шанси да успее. Токму Спринтот е најдобар начин за валидација и одлична можност да си ја зголемиме веројатноста при градење на успешен и профитабилен бизнис од нашата идеја.
Доколку имаш барем една замисла, ние ти нудиме брз и забавен начин да си формираш слика за тоа каде би можел/а да се насочиш со следниот чекор. Прашањата од квизот подолу ќе ти помогнат да разбереш дали е вистински момент да спроведеш Спринт, дали има потреба од Спринт во одредена фаза на идејата или дали воопшто идејата може да се искристализира со помош на Спринтот. Потоа можеш да прочиташ и дознаеш како:
- Успешно да ја тестираш и валидираш својата идеја со реален прототип
- Да ја зајакнеш својата позиција на пазарот со изнаоѓање на вистинска потреба
- Да ги зголемиш шансите и до 80% за добивање потребни средства за реализација
- Да оформиш идеална ценовна стратегија согласно предвидени приходи и трошоци
- Да го потврдиш посакуваниот поврат на инвестиција со експертски финансиски проекции

Одговорите претежно водат кон „ДА“ бидејќи Спринтовите опфаќаат многу полиња и фази и се вистински решавачи на предизвици, од дефинирање на бренд, развивање и доусовршување на најразлични стратегии и продукти или пак едноставно решавање на пречки во процеси на дизајнирање.
Во таа насока, тимот на Нетворкер е спој на професионалци и експерти од повеќе области кои ќе ти помогнат да го изодиш патот до наоѓање на финансии за твојата идеја, наоѓање вистинска потреба на пазарот и правилен бизнис развој, детални анализи на пазарниот потенцијал и проекции за повратот на инвестиција и најдобра дизајн и маркетинг стратегија за пристап до идеалниот клиент и неговите потреби.
Првично, преку неколку часовна подготовка за Спринт, во Нетворкер ја подобруваме комуникацијата со нашите потенцијални клиенти и подобро го осознаваме предизвикот кој би стоел пред нас во следниот период. Експертските интервјуа ни даваат првична слика и насока во правилно мапирање на бизнис идејата по што следи финална одлука дали и како да се спроведе Спринт.
Во NETWORKER веруваме во следната генерација на бизниси кои ќе го обликуваат општеството. Градиме компании посакувани од инвеститорите и им помагаме да дојдат до финансии со Google методологии за валидирање и тестирање на нивните идеи. Пиши ни на info@networker.mk и направи чекор кон твојата успешна бизнис приказна.