Дизајн Спринтот е процес кој може да се каже дека е детето на Design Thinking и SCRUM методологиите. Овој процес во развојот и разработката на идеите трга од самиот крај и оди кон нивниот почетокот. Токму на истиот начин го раскажуваме и времепловот на Дизајн Спринт низ призмата на Нетворкер.

2021

Од почетокот на нашето работење со Дизајн Спринт методологијата, па до денес имаме валидирано и изградено повеќе од 20 бизнис идеи спремни за инвестиција (општествено одговорни идеи, Fin Tech и High Tech, идеи за убавина, фитнес…). Дополнително, за сите овие идеи се потрудивме да најдеме идеален извор на финансирање согласно преференците на секој основач. Едни сакаат да ја финансираат својата идеја со средства од Фондови, додека пак други се спремни да склучат соработка со инвеститор кој верува во нивната замисла.

2019

Пред сето ова да се случи, Нетворкер се основа и почна да работи како вмрежувач на бизниси. За брзо време тимот согледа дека проблемот не е во недостатокот на средства. Недостатокот е во недоволно добро валидирани идеи спремни за инвестиција. Методологијата на Дизајн Спринт ја препознавме како одлично решение за оваа ситуација. Така Нетворкер се позиционира на пазарот како агенција за брзо валидирање и развој на продукти и услуги.

2016

Откако интерно го усовршивме процесот, почнавме со развивање на идеи. Книгата Спринт по која работиме официјално ја објавија во 2016 година, а оттогаш до денес илјадници тимови ширум светот ја користат за спроведување на Спринтови во стартапи како Slack и AirBnb, големи компании како LEGO и Google, агенции како IDEO и McKinsey, училишта како Stanford и Columbia, владата на Велика Британија и Обединетите Нации, па дури и музеи како британскиот музеј и Smithsonian.

2012

Се погоре споменато почна кога во 2012 година Jake Knapp го однесе Дизајн Спринтот во Google Ventures, каде цел тим уште веднаш се вклучи во вложување на својата експертиза за да го донесе процесот до перфекција.

  • Braden Kowitz додаде момент на фокус кон корисникот наместо на карактеристиките на идејата
  • Michael Margolis ја усоврши анализата на однесувањето на корисникот и добивањето јасни резултати во еден ден
  • John Zeratsky се фокусираше на мерење на резултатите со метрики карактеристични за секој бизнис посебно
  • Daniel Burka ја искористи својата експертиза како стартап претприемач за да обезбеди смисла на секој чекор во просецот

2010

На Jake му беа потребни долги години истражување и размислување за во 2010 година да го создаде процесот на Дизајн Спринт во Google. Низ годините тој се инспирираше од повеќе места, вклучувајќи ја културата на развивање продукти во Google, Design Thinking работилници и од сопственото искуство градејќи продукти како Gmail и Hangouts. Во периодот од 2010 до 2012 Јаке се насочи кон усовршување на Дизајн Спринтот со тимовите на Chrome, Search и Google X.

2003

Коренот на сето ова потекнува уште од 2003 година, кога Jake Knapp направи ретроспектива на своите работни обврски. Toj абележа дека не ја вложува својата енергија во вистинските работи. Поради тоа одлучи дека мора да најде начин да ја оптимизира својата продуктивност. Неговата одлука е главна причина за успехот на многу успешни стартапи во светот, кои без Дизајн Спринтот можеби и немало да имаат толку светла иднина.

Само 1% од луѓето го прават првиот чекор за реализирање на нивната идеја. Направи го и ти, пиши ни на info@networker.mk и дознај повеќе.