Што е Value Proposition за продукт/услуга?

Value Proposition-от е реченица која одговара зошто постои твојот бизнис. Оваа реченица треба брзо да му објасни на потенцијалниот корисник зошто твојот производ или услуга е позначаен за него отколку нешто друго што нуди конкуренцијата.

Карактеристики на добра Value Proposition

Запрашај се:

„Доколку сум јас идеалниот корисник, зошто треба да си го купам својот продукт/услуга наместо оној на конкуренцијата?“


Value Proposition-от треба да даде брз одговор на ова прашање, со оглед на тоа што имаш помалку од 1 минута да го задржиш вниманието на твојот потенцијален корисник. За таа цел, твојот Value Proposition треба да:

  • Е концизен и лесно разбирлив;
  • Дефинира цел на постоење на продуктот/услугата;
  • Објаснува како продуктот/услугата решава болна точка;
  • Да биде прво нешто на состанок, веб сајт/апликација/фб страна…

Пример за добар Value Proposition

Одличен пример за добро поставен Value Proposition е Shopify.  Уште на самиот старт ти станува јасно дека таму можеш да ги реализираш сите твои потреби за продажба, без разлика од каде продаваш.

Како Shopify се истакна пред другите?

Без разлика дали си бизнис или некој индивидуалец кој сака да продава, можеш да почнеш без разлика од каде си. Shopify избра да користи едноставен јазик за комуницирање на бенефитите дека содржи сè што може да ви треба за да започнете, продадете, пласирате и управувате со вашиот бизнис.

2 најчести грешки при поставување на Value Proposition

1. Немаш доказ

Нормално е да бидеш заљубен во својата идеја, меѓутоа дали имаш доказ дека и твоите корисници се воодушевени од тоа што го нудиш? Студии на случај и тестемониjали дефинитивно можат да потврдат пред другите дека твојот продукт или услуга е добра опција и за потенцијалните корисници.

2. Не си јасен

Немој да бидеш во оние луѓе кои после објаснувањето на својата идеја не кажуваат зошто корисникот треба да се грижи што нудиш. Доколку твојот продажен разговор, состанок или веб сајт не ја прикажува твојата вредност, потенцијалните клиенти брзо ќе заминат кај друга компанија која знае

Тестирање на Value Proposition со Networker

Најдобра опција за да си го потврдиш својот Value Proposition е да тестираш на твоите идеални корисници и да ги согледаш нивните реакции. Важно е да дознаеш дали ги збунуваш, дали треба нешто да подобриш или да промениш во својот Value Proposition.

Креирањето на добар Value Proposition не мора да се доживува стресно или претешко. Само треба да знаеш да ја истакнеш уникатноста на твојата идеја и да знаеш како јасно да ја комуницираш за да се одлепиш од твојата конкуренција

Имаш идеја, но не си сигурен дали би функционирала?
Тестирај ја со методологијата Дизајн Спринт со Нетворкер.
Пиши ни на info@networker.mk и дознај повеќе.