Да се биде претприемач, значи да се биде креативен,упорен  и  подготвен да се превземе ризик  а воедно никогаш твоите стравови да не те ограничуваат да го оствариш она што го посакуваш.

Доказ за поседување на сите овие карактеристики се и Clapsify  млад тим на таленти кои успеаја да добијат инвестиција од 25 000 евра на овогодинешниот Longest pitch marathon.

Денес  во овој блог пост разговараме со Бојан Симичиев млад и успешен талент кој воодушевува со својата харизма и талент за претприемништво.

1. Ако може да издвоиш едно искуство кое те обликувало во човекот кој си денес, кое е тоа? 

Сметам дека човек не може да се обликува од едно искуство кое го доживеал  бидејќи сите ние се обликуваме во текот на нашиот живот учејќи од нашите подеми и  падови.

2. Објасни накратко, што беше твојата идеја и кој проблем го решава? 

Clapsify е онлајн платформа наменета за ангажирање на артисти. Претставува  колектив на артисти што им овозможува побрзо и полесно да се промовираат и да  дојдат до заработка. Со тоа го решаваме проблемот на помалку познатите артисти да  бидат видени, да се промовираат и луѓето да стигнат до нив, а од друга страна го  олеснуваме пристапот до и процесот на ангажирање на популарни артисти.

3. Во една реченица објасни го твоето искуство на Longest Pitch Marathon? 

Искуството беше извонредно, направив голем број на конекции и имав можност  да слушнам повеќе стартап идеи.

4. Кој е најдобриот совет или лекција која ја научи за време на маратонот?

Да бидам сигурен во себе и идејата која ја претставувам, како и да верувам во  она што го правам.

5. Што после LPM? 

Целиме кон тоа да го издигнеме Clapsify на глобално ниво со цел да им  помогнеме на артистите од целиот свет.

Убеден сум: Дека она што ги одделува успешните претприемачи од губитниците е упорност.

Стив Џобс

Правење грешки значи дека  упорно  целиш да газиш по патот кон успехот, а не пробување значи дека веќе си загубил.