
Приказната за Motion дигитална агенција која нуди маркетинг и веб солуции
Во Македонија и тоа како имаме успешни, млади и креативни претприемачи, кои успеваат со нивната взаемна сила да издејствуваат на пазарот со продукт или услуга која знае на сите да не воодушеви. Доказ дека комбинацијата од мажи и жени претприемачи може да доведе до успешен продукт кој ќе се нуди на пазарот се тимот на MOTION.
Затоа овој петок ве запознаваме со нив и нивната компанија MOTION преку неколку прашања. Прочитајте повеќе во продолжение на овој блог пост.
Како би ја опишале вашата компанија во една реченица?
MOTION е дигитална агенција која нуди маркетинг и веб солуции на компании кои сакаат да бидат во чекор со најновите трендови, да ги надминат своите најголеми предизвици и кои се стремат да го достигнат својот целосен потенцијал.
Која е вашата визија за наредните 5 години?
Нашата долгорочна визија е да прераснеме во регионална дигитална агенција која се грижи за најиновативните и прогресивни брендови на глобалниот пазар.
Предизвици со кои најчесто се соочувате?
Најголемиот предизвик со кој се соочуваме е нецелосната запознаеност од страна на дел од бизнис заедницата во врска со дигиталниот свет односно немањето реална слика за потребата и ефектите од целосна дигитализација. Тука влегува и потреба за едукација со врска со онлајн рекламирањето, поконтретно процесот на “убедување” дека секоја модерна компанија треба да одвојува дел од својот буџет за рекламирање доколку сака да постигне поголема видливост и задоволителни резултати преку реализација на онлајн кампањи.
Најинтересната работа која ви се има случено во текот на овие неколку годишно работно искуство?
Иако немавме конкретен план за типот на клиенти односно индустрии со кои сакаме да соработуваме, природно се случи голем дел од нив да се социјално одговорни компании кои имаат иновативни продукти или услуги кои придонесуваат кон одредени
општествени цели. За нас е мошне интересно бидејќи од секогаш сме се залагале за општеството во кое живееме, а на овој начин можеме директно да придонесеме преку успешноста и растот на тие компании.
Омилен цитат
Don’t go with the flow. Be the flow.