
Научи како да носиш добри одлуки за твојата идеја
Помалку е повеќе
Многумина од нас се запознаени со Парето принципот 80/20. Според овој принцип од вкупниот вложен труд само 20% е причина за 80% од крајниот резултат. Слично на ова, од 10 задачи во денот, 8 не се толку значајни, додека пак 2 дефинитивно треба да се извршат.
Парето принцип во бизнисот
Од гледна точка на бизнис, Парето принципот значи дека 80% од профитот доаѓа од 20% од твоите купувачи или пак дека 80% од профитот доаѓа од 20% труд кој го вложуваш итн.
Голем дел од претприемачите напорно работат на својата бизнис идеја, но не го гледаат посакуваниот резултат. Ова не значи дека идејата е безнадежна, туку дека својот капацитет погрешно го искористуваат. Оваа категорија на луѓе го насочува фокусот на оние 20% резултат која им одзема 80% од нивното време и енергија. Ова го прават сосема несвесно бидејќи во човековата природа е да одолговлекува. Најпрво реализираат задачи кои се полесни за извршување, а патем поневажни, наместо да го фокусираат целото свое делување на активности кои се клучни, но бараат труд.
Совет
Доколку не ги гледаш посакуваните резултати прекини да бркаш нови трендови за да останеш во чекор со пазарот. Не ја дополнувај лепезата на продукти или услуги за да добиеш дополнителни приходи. Само би ги збунил твоите клиенти. Наместо тоа, стави фокус на она што го правиш најдобро и запрашај се:
- Дали знаеш кои клиенти ти спаѓаат во тие 20% (Ideal Buyer Persona)
- Како може да го насочиш трудот кон пронаоѓање дополнителни такви клиенти
- Кои се твоите мали акции кои може да ти направат голем импакт/резултат
Парето принцип во Нетворкер
При развивањето на идеја, Спринтот ги претставува оние 20% труд кои носат 80% резултат. Нашиот тим интензивно и компресирано прибира податоци од сите чинители на пазарот релевантни за идејата, ги согледува предизвиците и ризиците, нуди идеални решенија и ги тестира на реални корисници во 5 денови. Овој процес во нормални услови би одзел најмалку 3 до 6 месеци труд, состаноци и неефикасно искористено време. Најлошо сценарио е патот да ти изгледа долг и да се откажеш на почеток, средина или пак некаде на крајот.