Во најголем дел од случаите, финансиските проблеми кај луѓето не доаѓаат од малкуте работни саати или ниските приходи. Напротив, тие потекнуваат од „лошите потрошувачки навики“ или од недостатокот на финансиска едукација. Всушност, комбинирани заедно, лошите потрошувачки навики и недостатокот од финансиската едукација се факторите кои го прават едно население финансиски писмено, или во нашиов случај- неписмено.

Податоците покажуваат дека финансиската писменост на нашето население е најниска во регионот. Прв показател на тоа е огромното учество на потрошувачките кредити во севкупните кредити на македонското население, што е тесно поврзано со потрошувачките навики на луѓето. Втор показател се големото количество на слободни средства во банкарски депозити, кои и покрај бесрамно ниските каматни стапки, изнесуваат речиси 6 милијарди евра, што пак посочува на недостатокот од финансиска едукација на населението.

Првиот показател е причина зошто сиромашните се повеќе и повеќе осиромашуваат, а вториот е објаснување зошто богатите стануваат се побогати и побогати.

Премногу слободните средства во банките се очигледен показател дека на нашето население му недостасуваат финансиски насоки за пласирање на средствата. Формално образование си имаме, меѓутоа никој на училиште не нè учел како да вложуваме во инвестициски фондови, акции, пензиски фондови, бизниси итн.

Недоволната финансиска писменост- обесхрабрувачка за инвеститорите

Голем дел од населението, оние похрабрите, пробале и од недостаток на едукација се „изгореле“ во неколкуте пирамидални штедилници во минатото. Нив сега не ни им паѓа на памет да вложуваат во нешто друго и вината ја префрлуваат на неетичноста на финансиските институции „Сите се лопови, подобро дома или банка!“. Тажно е што воопшто не се поработило на глобално ниво, во посочување на причините зошто тие немили настани се случиле.

Нерегулираниот финансиски сектор и појавата на пирамидалните штедилници

Една можна причина е што тогаш, различно од сега, Македонија како нова држава сеуште немала цврсто регулиран финансиски сектор, со закони и тела што ќе ги контролираат.

Финансиската нeписменост и појавата на пирамидалните штедилници

Втората причина, онаа поочигледната е што доколку како население сме биле финансиски писмени не би „паднале“ на триковите од тие пирамиди. Доколку сме работеле на финансиска писменост ќе сме сфателе дека невозможно е легална штедилница да нуди 6% месечна камата!.

Зошто богатите стануваат сè побогати?

Богатите стануваат побогати затоа што тогаш, како и сега, знаеле да разликуваат легален од нелегален инструмент. Поточно, акциите кои беа особено популарни во претходната деценија знаеле дека се легални, но ризични и токму поради тоа можно е да изгубат. Заедничко кај овие луѓе е што не ги вложија сите средства на едно место. Некои од нив дури и инвестираа мал дел во пирамидалните штедилници, но со дека доколку биде нешто одлично, но доколку не, не ризикувале сè.

Финансиски писмените луѓе имаат неколку пораки. Прва е дека неуспехот во инвестирањето не треба да ве обесхрабри. Второ е убедувањето дека единствениот начин да се обогатите и „парите да работат за вас“ не е со дополнително работно време, туку со паметно инвестирање на средствата.

NETWORKER е мрежа на експерти која ќе ти изработи финансиски план со цел паметно инвестирање.

Пиши ни на contact@networker.mk и научи како да инвестираш со добар профит и пресметан ризик.