Наместо да трошиме недели, месеци, па дури и години за да развиеме еден прототип, ние креираме прототип за еден ден. 🚀

Како во еден ден?

Сега ќе се прашате дали е возможно да се креира вистински прототип за еден ден? Да бидеме искрени – не секоја идеја е победник. Трошење на време на погрешната идеја прави да се поврземе повеќе со истата и негативниот фидбек да го земаме при срце, забавувајќи го процесот на учење.

Најдобар пример за успешно прототипирање се Вестерн филмовите. Каубој кој стои пред паб и ја прилагодува својата капа, испраќајќи сомнителен поглед кон прашливата улица. На неа пак, гледаме петмина мажи во црни костуми кои качени на коњите држат пушки во рацете. Дувнува ветер и започнува познатата Вестерн музика, означувајќи го почетокот на неволјата. 

Градот е често и најреалниот дел од филмот. Се разбира, тие сцени на Вестерн не секогаш биле толку реални колку што изгледале. Но, вистината е дека повеќето филмови се снимани во филмските студија. Тој паб зад каубојот? Само фасада – декориран ѕид без ништо позади. Но, тоа не прави никаква разлика за нас како публика. Веќе во првите минути се губиме во приказната. Сето тоа изгледа реално и фасадата т.е. прототипот функционира.

Истото го правиме и ние во Нетворкер за време на брзото прототипирање. За изработка на бета верзија од некое дигитално решение се потребни околу 100 дена, а кога ќе изработиме 90% од истото е доволно реално за да се тестира. По логика на работите, би ни биле потребни деведесет дена за да стигнеме до 90% или би тестирале дури за три месеци. Меѓутоа, средствата инвестирани во развој за тие месеци, доколку тестирањето е неуспешно, ќе бидат залудни. Поради тоа, применивме методологија која овозможува уште после 5 дена да се тестира генералната идеја на бизнисот и доколку истата се потврди, би се продолжило кон реализација. Креираме фасада, баш како на Вестерн филмовите во еден ден.

Кои се основните принципи на прототипирање? 

✅Можеш да прототипираш било што.

✅Прототипот не значи и конечно решение.

✅Направи доволно за да научиш, но не повеќе.

✅Прототипот мора да изгледа реално.

Кои се чекорите преку кои го постигнуваме тоа? 

✅Користиме сториборд кој ни ги трга сите претпоставки за што треба да вклучиме. 

✅До сторибордот доаѓаме со помош на скиците, спакувани со специфичен текст и детали.

✅И го имаме вистинскиот мултидисциплинарен тим за креирање на прототипот.

Само 1% од луѓето го прават првиот чекор за реализирање на нивната идеја. Направи го и ти, пиши ни на info@networker.mk и дознај повеќе.