
Сакате да решите големи предизвици? Запознајте се со Design Sprint
Што е Design Sprint?
Design Sprint е 5-дневен процес за осмислување план на бизнис идеја, создавање и тестирање прототип и добивање повратна информација од реални корисници. Sprint-от комбинира деловна стратегија, наука за однесување, креирање дизајн и брзо прототипирање во моќна кратенка за да одговорите на вашето најголемо прашање: Што треба да правиме?
Овој просец компресира неколку месеци потрошени во дизајнирање, градење, лансирање и процесирање на идејата во само неколку дена. Најважното, Design Sprint-от ги отстранува состаноците со кои се губи насоката на идејата, бесконечните дебати и кружните процеси.
Како се разви Design Sprint-от?
Светските истражувања покажуваат дека сите сме покреативни, иновативни и продуктивни кога нашите ресурси се ограничени. Оттука, тим од Google го разви 5-дневниот Design Sprint процес.
Оваа моќна алатка за валидирање во Google Ventures се примени на стотици идеи од здравство до е-продажба и од долгогодишно искуство се претвори во совршен процес преточен во книгата Sprint: How to Solve Big Problems and Test New Ideas in Just Five Days.
Како функционира?
Sprint-от ги искористува предностите на различните размислувања и дава двојна улога на поединеците во тимот:
- Да размислуваат индивидуално и
- Да дискутираат колективно со ограничено време.
Тимот е совршено организиран да се елиминираат непотребни дискусии во кои може да се навлезе и секој поединец има важна улога. Во него:
- Одлучувач – е менаџер или претприемач кој сака да валидира идеја и има задача да донесува финални одлуки пред да се продолжи понатаму
- Тим од експерти – се дизајн, маркетинг и финансиски експерти кои се запознаени со идејата и во 5 денови имаат задача да ја развијат во секој аспект.
- Фасилитатор – е задолжен да ја води енергијата во тимот, текот на работењето и дисциплината во групата.
За кого и за што е наменет?
Процесот функционира применет во најразличен контекст:
- Компании и организации кои имаат итни прашања во врска со нивниот производ или услуга (нови или веќе постоечки)
- Самостојни основачи со идеја
- Дизајни на веб и мобилни апликации
- Активности за нематеријални и нејасни прашања како што се име на компанија, развој на маркетинг стратегии и други стратешки планови
Спринтот ја валидира твојата идеја! Брзо!
Долгата приказна, накратко… Процес од 5 денови кои вклучуваат:
Ден 1 – Мапирање на проблемот и одбирање на клучно место за фокусирање
Ден 2 – Исцртување на конкурентни решенија на хартија
Ден 3 – Одлучување за најдобриот тек на дејствување
Ден 4 – Градење на реален прототип
Ден 5 – Тестирање на прототипот на целен пазар / потенцијални клиенти
Design Sprint-от најдобро одговара како метод кога има тежок предизвик и/или решението е непознато. На крајот нуди вистинско искуство на клиентот и дава слика како корисниците се чувствуваат и реагираат на бизнис идејата која што треба да се продаде.